Турција

Турското МНР изрази длабока загриженост за обидот за пуч во Судан

„Укажуваме на нашето силно очекување во насока на тоа сите страни во Судан да ја почитуваат посветеноста во рамки на Уставната декларација, и да не се нарушува транзицискиот процес“

Nazlı Yüzbaşıoğlu  | 25.10.2021 - Обновена : 26.10.2021
Турското МНР изрази длабока загриженост за обидот за пуч во Судан

АНКАРА (АА) - Турција е длабоко загрижена од вестите во врска со обидот за државен удар во Судан, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Длабоко сме загрижени од вестите во врска со обидот за државен удар што се случи на 25 октомври во Судан“, се вели во писменото соопштение на Министерството за надворешни работи на Турција.

„Укажуваме на нашето силно очекување во насока на тоа сите страни во Судан да ја почитуваат посветеноста во рамки на Уставната декларација, и да не се нарушува транзицискиот процес“, се додава во соопштението.

Официјални претставници во Картум денес изјавија дека суданската војска го уапсила премиерот Абдула Хамдок и членови на неговата Влада.

Министерството за култура и информации истакна дека воени сили го уапсиле премиерот Абдала Хамдок откако тој одбил да го поддржи, како што е наведено, „државниот удар“.

Политичките партии во северноафриканската држава, вклучително и Арапската социјалистичка партија Баат и Суданската комунистичка партија, повикаа на граѓанска непослушност во знак на протест против „пучот“.

Тензиите ескалираа помеѓу војската и политичарите по неуспешниот обид за државен удар во Судан минатиот месец.

Со Судан моментално управува Суверен совет на воени и цивилни власти, кој го надгледува периодот на транзиција до изборите закажани за 2023 година, како дел од пактот за поделба на власта меѓу војската и коалицијата на Силите за слобода и промени.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın