Ekipa
16 Јули 2016•Ажурирај: 16 Јули 2016
АНКАРА (АА) - Премиерот на Турција, Бинали Јилдирим, денес во Анкара соопшти дека бројот на загинати извршители на обидот за воен удар, војниците лојални на терористичката огранизација ФЕТО/ПДЈ достигна до 161, додека 1.440 лица се ранети, јавува Anadolu Agency (AA).
Јилдирим изјави дека вкупниот број на уапсени припадници на Вооружените сили на Турција изнесува 2.839 и додаде дека припадниците на терористичката организација ФЕТО/ПДЈ, на чело со Фетулах Ѓулен, кои се обидоа да извршат воен удар, се полоши и од терористите на ПКК.
Премиерот на Турција изјави дека државата која и понатаму стои зад таквите лица, зад Ѓулен, кој не би го испорачала на властите и по обидот за државен удар, не може да биде пријател на неговата земја. Ѓулен, инаку престојува во САД, а Турција побара негово испорачување.
Турскиот премиер им се заблагодари на сите граѓани кои со знамиња во рацете излегоа на улиците во голем број и придонесоа за прекин на државниот удар.
Јилдирим изјави дека народот никогаш нема да ги заборави оние кои ги положија своите животи спречувајќи го воениот удар.
Премиерот на Турција додаде дека без двоумење ќе бидат продолжени сите потребни чекори против терористичката организација ФЕТО.
„Петнаесетти јули е наш празник на демократијата, нека ни е среќен,” изјави Јилдирим.