Ekipa
16 Јули 2016•Ажурирај: 16 Јули 2016
АНКАРА (АА) - Премиерот на Турција Бинали Јилдирим, во денешното обраќање истакна дека припадниците на терористичката организација ФЕТО, кои се обидоа да извршат воен удар, се полоши и од терористите на ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
Турскиот премиер им се заблагодари на сите граѓани кои со знамиња во рацете излегоа на улиците во голем број и придонесоа за прекин на државниот удар.
Јилдирим изјави дека народот никогаш нема да ги заборави оние кои ги положија своите животи спречувајќи го воениот удар.
Премиерот на Турција додаде дека без двоумење ќе бидат продолжени сите потребни чекори против терористичката организација ФЕТО.
„Петнаесетти јули е наш празник на демократијата, нека ни е среќен,” изјави Јилдирим.