ДОХА (АА) - Поранешниот генерален директор на Ал Џезира и претседател на форумот „Ес Шар“, Вадах Ханфер, изјави дека Американците знаеле дека во Турција ќе биде извршен обид за државен удар, јавува Anadolu Agency (AA).
Ханфер во интервјуто за АА го коментираше неуспешниот обид за државен удар, кој во петокот вечерта беше извршен во Истанбул и Анкара од страна на група припадници лојални на терористичката организација Фетулачи/Паралелна државна структура (ФЕТО/ПДЈ), на чело со Фетулах Ѓулен.
„Тој обем на воен удар не е можно да се изврши, а претходно за тоа да не се предупреди или да се консултира со САД. Не смееме да заборавиме дека Турција е членка на НАТО и дека во турската воена база Инџирлик се наоѓаат американските сили. Знаеме дека во таа база постојат одредени проблеми и дека турските офицери таму имаат свои американски колеги. Сметам дека Американците претходно знаеле за овој воен удар, но се држеле настрана. САД зазеде став на тој начин да имаат корист доколку ударот успее, а да можат да задржат неутрална позиција доколку ударот е задушен“, изјави Ханфер.
Изјавата на американскиот државен секретар, Џон Кери, дека САД нема никаква поврзаност со обидот за државен удар во Турција, Ханфер ја оцени како неочекувана дипломатска реторика.
„Изјавата што Кери ја даде во првите часови на обидот за државен удар не беше сосема прецизна. Дури подоцна, американскиот претседател Барак Обама и другите официјални лица од Вашингтон јасно порачаа дека ја поддржуваат легалната и легитимна власт во Туција“, изјави Ханфер.
- Успехот на воениот удар би влијаел директно и на интересите на Европа -
Укажувајќи на повеќегодишната практика на Европа политички и медиумски да ги претстави турскиот претседател Ердоган и турската Влада како диктаторски, Ханфер изјави дека задоцнетите и нејасни реакции на Европа за обидот за воениот удар во Турција, се најдобри показатели дека Европа не сака Турција да продолжи по патот по кој оди на чело со Ердоган.
Изразувајќи уверување дека ставот на Европа би бил позитивен доколу пучот успееше, Ханфер изјави дека поголемиот дел од пораките на западните земји и соседството за пучот почнале да пристигнуваат кога се видело дека народот ќе ги спречи пучистите.
Тој додаде дека Европа се плашела да зазеде јасен став бидејќи хаосот во Турција директно би се одразил и на нејзините интереси преку бегалската криза, терористички закани и на други начини.
- Обидот за пуч ќе се одрази на ситуацијата во Турција и на целиот регион -
Нагласувајќи дека обидот за пуч во Турција покажал дека покрај идеолошките, месхепските и другите поделби во целиот регион, постои и општествен консензус и свест на народот изградена на демократско искуство, Ханфер изјави дека обидот за пуч во Турција и начинот на кој е задушен е историска пресвртница за Турција и за целиот регион.
„Последните случувања се историска пресвртница. Тоа е пресвртница што ќе подготви раѓање на нова Турција. Овие случувања се породилни болки на новата ера на политичкиот и неполитичкиот живот во Турција“, изјави Ханфер. Оценувајќи ги актуелните случувања во Турција како „борба на старото и новото“, Ханфер изјави дека на сцената се наоѓа победа на новата над старата ера.
„Победата на оваа нова ера дојде на рамениците на народот и невидениот општествен консензус. Иднината на Турција е во сигурни раце кои ја градат како репубика на демократски начела. Оние стари структури и нивната војска останаа без никаква поврзаност со народот. Со други зборови, тие стари структури сè уште живеат во минатото и не се свесни дека останале без сите упоришта во турското општество“, изјави Ханфер.
Укажувајќи на фактот дека демократијата претставува нераздвоен дел од животот на општеството и човекот, Ханфер изјави дека турскиот народ тоа го сфатил, и додаде дека исклучително важна е насоката и за други народи во регионот.
- Следуваат промени во турската надворешна политика -
Осврнувајќи се на можните последици на неуспешниот воен удар во Турција, Ханфер изјави дека државите својата надворешна политика воглавно ја креираат на темел на интереси, и додаде дека тоа во последно е случајот со Турција, а дека нормализацијата на односите со Русија и Израел е потврдување на тоа мислење. Нагласувајќи дека спречувањето на пучот го зајакнало легитимитетот на Ердоган и на Владата во Турција и дека ги оттргнало несогасувањата меѓу народот и власта, Ханфер изрази уверување дека Ердоган добро ќе го искористи овој моментум и демократија да ги постави на стабилни темели кои во иднина нема да бидат предмет на дискусија.
Ханфер смета дека креирањето на надворешната политика на Туција ќе води сметка за тоа кој како гледал и реагирал на обидот за пуч бидејќи тоа покажало кој е пријател на Турција, а кој не е.
- Поуки што треба да се извлечат од пучот -
Ханфер и понатаму вели дека обидот за пуч и начинот на кој е задушен во Турција треба да биде важна лекција и за целиот арапски свет. Укажувајќи на тоа дека народот, кој е уверен во исправноста на демократските начела, храбро стоел пред една од најмоќните војски на светот и покажал дека неговата волја е над секоја воена сила, Ханфер рече дека турскиот народ дал конкретна лекција на целиот арапски свет.
news_share_descriptionsubscription_contact
