Barış Gündoğan
14 Февруари 2020•Ажурирај: 14 Февруари 2020
АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека се неутрализирани 6 терористи на ПКК во Кандил, северниот дел на Ирак, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Министерството објавено на Твитер, 6 терористи на сепаратистичката терористичка организација ПКК се идентификувани при извидување и надзор во подрачјето на Кандил и се неутрализирани преку воздушни операции.
Се нагласува дека операциите ќе продолжат без забавување.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.