Muhammed Ali Toruntay
19 Март 2020•Ажурирај: 20 Март 2020
АНКАРА (АА) – Тројца терористи на ЈПГ/ПКК кои избегаа од Ирак и Сирија се предадоа на Турските вооружени сили, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од Министерството за национална одбрана на Турција се наведува дека терористите продолжуваат да ја напуштаат терористичката организација ПКК.
„Двајца терористи на ПКК, засолнети во северниот дел на Ирак, се предадоа во пограничните единици на Турските вооружени сили во Силопи, додека еден терорист кој избегал од терористичките групи во северна Сирија се предаде на пограничната единица во Нусајбин“, се нагласува во соопштението на Министерството за одбрана на Турција.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и Европската Унија, одговорна е за смртта на 40.000 луѓе, меѓу кои деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.