Salih Baran
19 Март 2020•Ажурирај: 20 Март 2020
ЕДРЕНЕ (АА) – Мигрантите веќе три недели чекаат на грчката граница со надеж дека ќе преминат кон Европа, јавува Агенција Анадолија (АА).
Грција често интервенира со куршуми, водени топови и гасни бомби. Во интервенциите стотици мигранти се повредени, а три мигранти ги загубија своите животи.
Грција продолжи со интервенциите до доцна синоќа.
Голем број мигранти беа повредени при интервенциите со солзавец, а стотици мигранти беа погодени од гасот.

Од оние што беа погодени од гасот, најмногу внимание привлече детето мигрант.
Тригодишното дете, кое вчера беше снимено од страна на Агенција Анадолија (АА) како игра со турските војници, исто така беше погодено од гасот што го фрли Грција истиот ден во вечерните часови.
Како и на стотици други мигранти, прва помош на детето му беше дадена во шаторот поставен на теренот.