Zafer Fatih Beyaz
19 Март 2020•Ажурирај: 19 Март 2020
АНКАРА (AA) - Во Турција е забележан и вториот смртен случај од последиците на заразување со коронавирусот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерот за здравство на Република Турција Фахретин Хоџа изјави дека во неговата земја од коронавирусот почина 61-годишно машко лице, што е втор смртен случај во оваа земја.
Министерот Коџа исто така потврди дека во Турција се забележани и 93 нови случаи на заразување со коронавирусот, со што вкупната бројка на заразени се зголеми на 191.