Yeşim Sert Karaaslan
23 Септември 2019•Ажурирај: 24 Септември 2019
АНКАРА (АА) - Турските сили преку воздушни операции неутрализираа тројца терористи на ПКК во северниот дел на Ирак, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Министерството за национална одбрана на Турција, во рамките на операцијата „Канџа“, реализирани се воздушни операции во подрачјето на Авашин, кое се наоѓа во северниот дел на Ирак.
Во рамките на овие операции неутрализирани се тројца терористи на сепаратистичката терористичка организација ПКК.