Турција

Турските сили неутрализираа тројца терористи на ПКК во северен Ирак

Во воздушни операции во подрачјето на Хафтанин, во северниот дел на Ирак, неутрализирани се тројца терористи на терористичката организација ПКК

Yıldız Nevin Gündoğmuş  | 19.09.2019 - Обновена : 19.09.2019
Турските сили неутрализираа тројца терористи на ПКК во северен Ирак

АНКАРА (АА) - Турските вооружени сили извршија воздушни операции во подрачјето на Хафтанин, во северниот дел на Ирак, при што неутрализираа тројца терористи на терористичката организација ПКК, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според соопштението на Министерството за национална одбрана на Турција, во рамки на операцијата „Канџа-3“, која успешно продолжува, извршени се воздушни операции во подрачјето на Хафтанин.

Во соопштението се нагласува дека во рамките на овие операции неутрализирани се уште тројца терористи на терористичката организација ПКК.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.