Ahmet Furkan Mercan
24 Август 2017•Ажурирај: 24 Август 2017
ВАН (АА) - Турските безбедносни сили неутрализираа најмалку тројца терористи на ПКК во источната област Ван, се вели во денешното соопштение издадено од канцеларијата на гувернерот, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението, терористите се фатени и неутрализирани во вчерашната антитерористичка операција поддржана од воздух, во село во подрачјето Ѓулпинар, изведена од страна на жандармериската команда.
За време на операцијата се запленети еден митралез, пешадиска пушка М-16, снајперска пушка, „калашников“ и голем број рачни гранати.
Повеќе од 1.200 лица, вклучувајќи безбедносен персонал и цивили ги загубија своите животи откако ПКК во јули 2015 година продолжи со својата оружена кампања против Турција.