Ahmet Salih Alacacı
27 Август 2018•Ажурирај: 28 Август 2018
ИЗМИР/КИРКЛАРЕЛИ/ВАН (АА) - Вкупно 351 нелегален мигрант се фатени низ цела Турција во текот на денешниот ден, јавува Anadolu Agency (AA).
Единиците на Крајбрежната стража во турската област Измир идентификуваа три чамци кои пренесувале 139 нелегални мигранти од различни земји, во обид да преминат на грчките острови, изјави извор кој сакаше да остане анонимен.
Безбедносните сили во истата област пресретнале други 44 мигранти - меѓу кои Сиријци, Палестинци и Ирачани.
Исто така, припадниците на жандармеријата во северозападната област Киркларели задржаа 32 нелегални мигранти во обид илегално да ја преминат границата со Бугарија.
Во источната турска област Ван, безбедносните патроли во две одделни акции фатија 136 мигранти. Уапсени се две лица за криумчарење луѓе.
Во периодот од 17 до 26 август од страна на безбедносните сили во подрачјето на Измир се фатени 429 мигранти, главно Сиријци.