Ekipa
27 Август 2018•Ажурирај: 28 Август 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, оствари телефонски разговор со британската премиерка Тереза Меј, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од претседателски извори, за време на телефонскиот разговор, Ердоган и Меј размениле мислења за билатералните односи, како и за актуелните и регионални теми.
Ердоган и Меј укажаа на важноста на билатералните економски и трговски односи, како и на важноста од уште поголемо развивање на взаемните инвестиции.
За време на разговорот, постигнат е договор турскиот министер за трезор и финансии, Берат Албајрак, во најкраток можен рок да оствари средба со своите британски колеги.
Ердоган и Меј се осврнаа и на последните случувања во Сирија, пред сè на случувањата во Идлиб.