Meryem Göktaş
27 Август 2018•Ажурирај: 28 Август 2018
АНКАРА (АА) - „Најмалку 26 терористи на ПКК се неутрализирани во антитерористичките операции низ Турција во текот на изминатата недела“, се соопштува денес од Министерството за внатрешни работи, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението се вели дека Турските вооружени сили извршиле 2.156 операции во периодот од 20 до 27 август.
Од Министерството соопштуваат дека 12 од терористите биле убиени, девет заробени, а пет се предале на властите.
„Меѓу неутрализираните терористи на ПКК се наоѓаат петмина високи припадници на терористичката организација“, се додава во соопштението.
Дополнително, 62 лица беа уапсени за време на операциите за наводно помагање на терористичката организација ПКК.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на речиси 40.000 лица.