Ekipa
09 Април 2018•Ажурирај: 10 Април 2018
АГРИ (АА) - Најмалку тројца терористи се неутрализирани во вчерашната операција која турските сили ја извршија во источниот дел на земјата, а меѓу неутрализираните се наоѓа и еден од најбараните припадници на терористичката организација ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
Неименувани воени официјални лица за АА потврдија дека антитерористичката операција, со поддршка на турските воздушни сили, е извршена во планинското подрачје на областа Агри и дека се уништени новооткриени засолништа на терористите на ПКК.
За време на операцијата е запленета поголема количина на наоружување, а меѓу неутрализираните терористи беше и Осман Озел, водачот на ПКК во подрачјето на Агри.
Неговото име се наоѓа на „сина“ потерница на турското Министерство за внатрешни работи, при што спаѓа во втора категорија најбарани терористи во земјата.
Сепаратистичката организација ПКК се наоѓа на листата терористички организации во Турција, САД и ЕУ. Покрај Турција, ПКК делува и во северниот дел на Ирак и Сирија преку ПЈД/ЈПГ, огранок на ПКК.
Турските сили спроведуваат опсежна борба против терористите на ПКК во Турција и во северниот дел на Сирија и Ирак.