Muhammed Boztepe
05 Јули 2020•Ажурирај: 07 Јули 2020
АНКАРА (АА) – Турските војници во подрачјето на турската операција „Извор на мирот“ неутрализираа двајца терористи на ПКК/ЈПГ, кои се обидоа да нападнат, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од Министерството за национална одбрана на Турција се наведува дека нема да ѝ дозволат на терористичката организација ПКК/ЈПГ да го наруши мирот и безбедноста во регионот.
„Нашите командоси херои, кои ги презедоа сите мерки на претпазливост во регионот, спречија уште еден обид за напад и неутрализираа двајца терористи на ПКК/ ЈПГ“, се подвлекува во соопштението на Министерството.
Од 2016 година Турција спроведе четири успешни прекугранични антитерористички операции во северна Сирија за да спречи формирање на терористички коридор: операцијата „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018), „Извор на мирот“ (2019 година) и „Пролетен штит“ (2020).
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои се наоѓаат и деца и жени. ЈПГ е нејзин сириски огранок.