Tuğrul Çam
24 Август 2016•Ажурирај: 24 Август 2016
ВАШИНГТОН (АА ) - Потпаролот на американскиот Стејт департмент, Марк Тонер, во врска со оружените напади на Турција во северна Сирија насочени кон ЈПГ и ДАЕШ истакна „работиме на тоа да се смират тензиите. Сакаме да потсетиме дека и на двете страни заеднички непријател им е ДАЕШ”, јавува Аnadolu Agency (AA).
Во дневниот брифинг Тонер потсетувајќи дека Турција извршува оружени напади врз цели на терористичките организаци ЈПГ и ДАЕШ, рече дека турските власти се во контакт со претставниците на Сириските демократски сили.
Тонер истакна дека прават напори за смирување на тензиите додаде,„сакаме да кажеме дека вистинскиот непријатал и на двете страни е ДАЕШ”.
Во врска со прашањето за подобрување на односите меѓу Турција и Русија и употребата на воената база Инџирлик, Тонер одговори дека оваа тема била разгледена во приватните дипломатски разговори.
Тонер, исто така, ѝ се заблaгодари на Турција за дозволaта за употреба на воената база Инџирлик.
Тоj потсети дека продолжувaат заедничките средби на САД и Русија за решавање на кризата во Сирија и рече дека Турција и Русија заедно со САД учествуват во Групата за меѓународна поддршка за Сирија и дека имаат право на збор во однос на сириското прашање.
Истакнувајќи дека „колку што би биле поконструктивни нашите односи со Русија во иднина, истото го посакуваме и за односите помеѓу Турција и Русија, според нас сè уште не сме во таа позиција”. Тонер посочи дека ги ценат напорите на Турција за пронаоѓање на мирно решение за Сирија.
Тонер наведе се регистриран напред во средбите со Русија, но дека сè уште не е постигнато конечно решение.