Amina Zorniç
24 Август 2016•Ажурирај: 24 Август 2016
РИМ (АА) - Во земјотрес со магнитуда од 6,2 степени според Рихтеровата скала, кој рано утринава го погоди централниот дел на Италија, загинаа шест лица, а стотици жители се заробени во урнатините, јавува Anadolu Agency (AA).
Американскиот центар за сеизмолошки истражувања соопшти дека земјотресот се случил утрово во 3:30 часот во регионот Норчија, во близина на градот Перуџа. Земјотресот е регистриран на длабочина од десет километри.
Набрзо по овој голем земјотрес, во Италија беа проследни серија помали земјотреси.
Едно четиричлено семејство е пронајдено под урнатините на градот Aкумоли, потврди градоначалникот на градот, Стефано Петручи, за телевизискиот канал РАИ.
Во меѓувреме, полицијата ја потврди смртта на уште две лица во близина на селото Пескара дел Тронто.
Во градот Аматриче земјотресот предизвика големи материјални штети.
„Патиштата во и надвор од градот се целосно отсечени, луѓето се под урнатините. Мостот е срушен, a се активираа и свлечишта”, изјави градоначалникот Серџо Пероци.
Се верува дека во наредните часови бројот на загинати ќе се зголеми.