Турција

Чавушоглу: „Турција испрати медицинска помош во 137 земји и ќе продолжи да испраќа“

Чавушоглу и министерот за култура и туризам, Мехмет Нури Ерсој, присуствуваа на конференцијата „Здрав туризам, безбеден град“, што се одржа во Аланија, Анталија

Levent Kişi, Ayşe Yıldız  | 05.07.2020 - Обновена : 06.07.2020
Чавушоглу: „Турција испрати медицинска помош во 137 земји и ќе продолжи да испраќа“

АНТАЛИЈА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, истакна дека до денес Турција има испратено медицинска помош во 137 земји и дека ќе продолжи да испраќа, јавува Агенција Анадолија (АА).

Чавушоглу и министерот за култура и туризам, Мехмет Нури Ерсој, присуствуваа на конференцијата „Здрав туризам, безбеден град“, што се одржа во Аланија, Анталија.

Во своето обраќање на конференцијата, министерот Чавушоглу истакна дека благодарение на мерките што беа преземени, Турција е една од најуспешните држави во борбата против Ковид-19.

Истакнувајќи дека Турција ја реализирала најголемата операција за евакуација во својата историја, Чавушоглу рече: „Од 130 држави повеќе од 90.000 наши граѓани ги донесовме во земјата.“

Турскиот министер нагласи дека Турција е една од земјите со најдобар здравствен систем и инфраструктура.

„До денес имаме испратено медицинска помош во 137 земји и ќе продолжиме да испраќаме. Испраќаме дополнителна помош на земјите каде што бројките на заразени се зголемуваат. 90 земји сакаа да ги евакуираат своите граѓани од Турција. Придонесовме за евакуација на 230.000 граѓани од овие земји и активностите ги координиравме заедно.“


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.