Турција

Турција: Приведени 34 осомничени во најголемата операција против трговија со дрога

Во операцијата „Мочуриште“, која е најголема операција против трговијата со дрога, лицата се осомничени за формирање или управување со организација за вооружен криминал, членување во таа организација, перење пари...

İsmet Karakaş  | 05.07.2020 - Обновена : 06.07.2020
Турција: Приведени 34 осомничени во најголемата операција против трговија со дрога

АНКАРА (АА) – Во рамките на истрагата спроведена од Обвинителството во Анкара, приведени се 34 од 67-те осомничени припадници на криминална група во најголемата операција против трговија со дрога во историјата на Турција, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Сослушувајќи ги осомничените, судијата Ерен Шен од Судот во Анкара нареди 34-те осомничени, меѓу кои и водачите на криминалната организација, Нежат Даш и Четин Ѓорен, да бидат приведени и однесени во затвор.

За останатите 33 осомничени во истрагата е решено да бидат ослободени со примена на условот за судска контрола.

Во операцијата „Мочуриште“, која е најголема операција против трговијата со дрога, лицата се осомничени за формирање или управување со организација за вооружен криминал, членување во таа организација, перење пари стекнати од криминал, фалсификување на службен документ и кршење на Законот за спречување на финансирање тероризам.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.