Andaç Hongur
05 Јули 2020•Ажурирај: 06 Јули 2020
ИСТАНБУЛ (АА) – Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, истакна дека Турција ги срамни со земја обидите за воспоставување игри и стапици против Турција во водите на Источниот Медитеран, јавува Агенција Анадолија (АА).
Турскиот претседател од палатата „Вахдетин“ преку видеоконференција говореше на церемонијата на отворање на хидроцентралите, што се одржа во градот Токат.
Ердоган на почетокот на своето обраќање им честита на институциите, Министерството за енергетика и природни ресурси, на инженерите, работниците и компаниите изведувачи кои придонесоа за изградба на хидроцентралите.
Истакнувајќи дека централите ќе додадат енергија на развојот на енергетскиот сектор на Турција, Ердоган рече дека тие ќе бидат симболи на развојот и растот на земјата.
„Хидроцентралите се ’отскочна даска‘ за нашата цивилизација. За време на епидемијата, Турција, покрај инвестициите во здравствените услуги, инвестираше и во сите други области. Со ова Турција е решена да ги постигне своите цели зацртани за 2023 година. Не е можно земја без развиена енергетика да зборува за цивилизација, не е можно да се зборува за развој, не е можно да се зборува за индустријализација“, нагласи претседателот Ердоган.
Истакнувајќи дека Европската Унија пред Турција ги ставила земјите кои имаа проблеми со транспарентноста, турскиот претседател рече дека очигледни се двојните стандарди што ги применува Европската Унија.
Ердоган, истакнувајќи дека во првите 5 месеци од 2020 година Турција за 66 проценти го зголемила производството на електрична енергија од домашни и обновливи извори, нагласи: „Во последните 18 години обезбедивме над 100 милијарди долари инвестиции во енергетиката преку јавниот и приватниот сектор.“