образование

Со свечена церемонија започна новата академска година на Меѓународниот балкански универзитет

„Овие институции се многу важни за нас. Тие им служат на луѓето со кои имаме историска и културна поврзаност. Имаме блиски односи со балканските земји, особено со Северна Македонија...“

Ekipa  | 09.10.2019 - Обновена : 10.10.2019
Со свечена церемонија започна новата академска година на Меѓународниот балкански универзитет Фото: Seyyid Emin/АА

СКОПЈЕ (АА) – Со свечена церемонија на Меѓународниот балкански универзитет (ИБУ) во Скопје денеска започна новата академска 2019-2020 година, јавува Anadolu Agency (AA).

На свечената церемонија присуствуваа заменик-министерот за правда на Турција, Шабан Јилмаз; претседателот на Турската академија за правда, Мухитин Оздемир; членот на Уставниот суд на Северна Македонија, Салих Мурат; амбасадорот на Словенија во Скопје, Милан Јазбец; претседателот на Управниот одбор на ИБУ, Ајдован Адемовски; ректорот на ИБУ, Мехмет Дурсун Ердем; претставници на турските институции, студенти и голем број гости.

Заменик-министерот за правда на Турција, Шабан Јилмаз, во својот говор истакна дека заедно со претставниците на Министерството пристигнале во Скопје за да присуствуваат на официјален состанок.

Јилмаз, истакнувајќи дека ќе ги посетат турските институции, нагласи: „Овие институции се многу важни за нас. Тие им служат на луѓето со кои имаме историска и културна поврзаност. Имаме блиски односи со балканските земји, особено со Северна Македонија. Има многу турски компании кои инвестирале тука. Тука се за да ја поддржат оваа држава.“

Јилмаз во своето обраќање особено ја истакна поддршката на Турција за Северна Македонија во процесот на зачленување во ЕУ и НАТО.

Адемоски, истакнувајќи го задоволството од запишувањето на нови 500 студенти на Меѓународниот балкански универзитет (ИБУ) рече дека нивната цел е студентите да ги запознаат со деловната заедница и да обезбедат вработување по дипломирањето.

Наведувајќи дека ИБУ има постигнато значителен напредок, Ајдован рече дека тука нема да се запре и дека по отворањето на Факултетот за медицински науки, се планира да се изградат студентски дом и сала за спортски и културни активности.

Адемоски им се заблагодари на владите на Турција и Северна Македонија, на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган и на премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, за нивната поддршка за Универзитетот.

- Над 2.500 студенти -

Ректорот на ИБУ, Мехмет Дурсун Ердем, потсетувајќи дека во 2006 година започнале со 19 студенти, рече дека денес веќе имаат 2.500 студенти.

Забележувајќи дека ИБУ од 2006 година пишува една успешна приказна, рече дека бројот на студенти е зголемен и дека се најквалитетен универзитет во Северна Македонија.

Наведувајќи ги публикациите што се издаваат во рамките на Универзитетот, Ердем нагласи: „Моментално продолжуваме да издаваме девет меѓународно индексирани академски списанија. Исто така, со новите публикации на ИБУ, придонесуваме кон академскиот и научниот свет во Северна Македонија.“

Ердем, истакнувајќи дека потпишале протоколи со неколку универзитети од целиот свет, рече дека со иницијативата на претседателот на Големото национално собрание на Турција, Мустафа Шентоп, имаат соработка и со Универзитетот „Хјустон“.

Нагласувајќи дека ИБУ стана центар во Скопје, Северна Македонија и на Балканот, Ердем рече дека претседателот Ердоган го запалил овој факел во 2006 година и дека секогаш продолжува со неговата поддршка.

Во рамките на церемонијата, за студентите беше промовиран системот „Hello“ IBU Online.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.