Muhammed Nuri Erdoğan
06 Јули 2021•Ажурирај: 07 Јули 2021
АНКАРА
Турските сили неутрализираа двајца терористи на ПКК во Метина, во северниот дел на Ирак, соопшти Министерството за национална одбрана на Република Турција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изјавата дадена од Министерството за национална одбрана се наведува дека операциите против терористичката организација ПКК продолжуваат ефикасно и решително.
Исто така, во изјавата на Министерството се истакнува дека двајца терористи на ПКК откриени во регионот Метина на северот на Ирак се неутрализирани со воздушна операција.
Припадниците на терористичката организација ПКК се кријат во северниот дел на Ирак, од каде што планираат напади врз Турција.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.