Ferdi Türkten
28 Декември 2023•Ажурирај: 28 Декември 2023
АНКАРА (АА) – Турските разузнавачки тимови неутрализираа висок терорист на терористичката организација ПКК во градот Камишли, северна Сирија, соопштија безбедносни извори, пренесува Анадолу.
Турската Национална разузнавачка служба (МИТ) го неутрализира Ејмен Коли, терорист на ПКК/ЈПГ одговорен за работите во Камишли, во операција заснована на разузнавачки информации, изјавија изворите кои сакаа да останат анонимни.
Сирискиот терорист со седиште во Амуда претходно има организирано акции против турските безбедносни сили покрај границата и учествувано во конфликти против безбедносните сили за време на операцијата „Извор на мирот“.
Турските власти го користат терминот „неутрализирање“ за да имплицираат дека терористите се предале или биле убиени или заробени.
Антитерористичката операција дојде по петочниот терористички напад на ПКК во кој загинаа 12 турски војници во северен Ирак. Турските воздушни напади, оттогаш, уништија десетици терористички позиции во северен Ирак и Сирија и неутрализираа високи терористи.
Терористите на ПКК често се кријат во северен Ирак каде планираат прекугранични напади во Туркије. Оваа терористичка организација има и огранок во Сирија, познат како ЈПГ.
Од 2016 година, Анкара започна три успешни антитерористички операции преку својата граница во северна Сирија за да спречи формирање терористички коридор и да овозможи мирно населување на жителите: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019).
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на повеќе од 40.000 луѓе, вклучувајќи жени, деца и бебиња. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.