Uğur Subaşı,Emre Ayvaz,Yücel Velioğlu
28 Декември 2023•Ажурирај: 29 Декември 2023
САКАРИЈА (АА) - Десет лица загинаа, а 59 се повредени во тешка сообраќајна несреќа во која учествуваа седум возила на делницата Сакарија на автопатот Северна Мармара во Туркије, јавува Анадолу.
Седум возила, меѓу кои три автобуси и еден камион, учествуваа во верижен судир на делот Сакарија на автопатот Северна Мармара во правец кон Истанбул.
На местото на несреќата пристигнати се бројни медицински екипи, противпожарни бригади и припадници на Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни ситуации (АФАД).
Поради несреќата во прекин е сообраќајот во правец на Истанбул. Екипите почнаа да ги отстрануваат возилата од автопатот на подрачјето каде што маглата е густа. Сообраќајот е пренасочен кон Анадолскиот автопат, а сообраќајот се одвива нормално на автопатот Северна Мармара во правец кон Анкара.
28.12.2023 Туркије: Десет лица загинаа, 59 се повредени во верижен судар на автопат
САКАРИЈА (АА) - Десет лица загинаа, а 59 се повредени во тешка сообраќајна несреќа во која учествуваа седум возила на делницата Сакарија на автопатот Северна Мармара во Туркије, јавува Анадолу.
Турскиот министер за здравство Фахретин Коџа на социјалните мрежи потврди дека десет лица загинале на местото на несреќата, а 59 се повредени, од кои осум потешко.
Министерот за правда Јилмаз Тунч изјави дека е отворена истрага за тешката сообраќајна несреќа.
Гувернерот на Сакарија, Јашар Карадениз, го посети местото на несреќата и за новинарите изјави дека во верижниот судир учествувале седум возила.
„Се смета дека до несреќата дошло кога автомобил удрил во камион. Потоа во него удриле другите возила“, изјави Карадениз.