Zülfiya Yakup
31 Декември 2016•Ажурирај: 01 Јануари 2017
ПРИШТИНА (AA) - НА Косово денеска е одржана церемонија на отворање на првите 20 километри од автопатот "Арбен Џафери", кој ќе ги порзува Приштина и Скопје, јавува Anadolu Agency (AA).
Отворената делница се протека од вклучување на автопатот "Ибрахим Ругова" кај Приштина до селото Бабуш, кај Урошевац.
Претседателот на Косово Хашим Тачи во таа прилика им честиташе на граѓаните на Косово на овој инфраструктурен проект со кој ќе биде овозможено подобро движење на луѓето и стоката, што ќе придонесе за економски развој на двете земји.
Претседателот на Собранието на Косово Кадри Весели оцени дека овој автопат е основа за големи еконосмки трансформации кои ќе ги има Косово.
Премиерот на Косово Иса Мустафа оцени дека денеска е отворена делница на многу важен дел на новиот автопат.
Како што е соопштено од Министерството за инфраструктура првиот сегмент на автопатот "Арбен Џафери", проектиран е според Трансевропските стандарди и максимално дозволената брзина на возење е 120 километри на час.
Долж овој сегмент се направени два чвора за поврзување на релациите Липљан- Шимљњ- како и Приштина- Хани и Елези (Генерал Јанковиќ).
Направени се осум надвозници и сеудм подвозници, како и паралелни патеви со цел движење на граѓаните кои живеат во зоните околу автопатот.
Според планот на изградбата до крајот на 2017 година се очекува завршување на уште 42 километри на автопатот "Арбен Џафери", додека целиот автопат ќе биде долг околу 60 километри.
Тој автопат, исто како и првиот "Ибрахим Ругова", кој го спојува Косово со Албанија го работи американско-турската компанија "Bechtel&Enka".
На церемонијата освен претседателот на Косово Тачи, премиерот на Косово Мустафа, претседателот на Собранието на Косово Весели, присуствуваа и министерот за инфраструктура на Косово Лутфи Чарку, амбасадорката на Турција на Косово Кивилџим Килич, заменик на амбасадорот на САД на Косово Колин Хиланд и многу други личности од политиката и граѓани.