Admir Fazlagic
01 Јануари 2017•Ажурирај: 01 Јануари 2017
СКОПЈЕ (АА) - Првото бебе во Скопје во 2017 година е машко, родено рано утринава во 04:15 часот во Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир, јавува Anadolu Agency (AA).
Регионалниот центар за управување со кризи соопшти дека бебето е тешко 3 килограми и 400 грама и долго 53 сантиметри. Тоа е првородено дете на мајката Нуредини Рамадан Хикмет (1991).
Од прес-службата на Град Скопје претходно е најавено дека првото бебе и мајката да ги посети градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.