Alma Çekovic
03 Јануари 2017•Ажурирај: 04 Јануари 2017
САРАЕВО (AA) - Ниските температури што овие денови беа измерени во регионот се проследени со снежни врнежи, а првиот овогодишен снег е забележан во Загреб, Белград и Сараево, јавува Anadolu Agency (AA).
Утрово, времето во Македонија е сончево, со мала до умерена облачност, што според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), ќе се зголеми во попладневните часови, а до крајот на денов во западните и северозападните делови во земјата се очекуваат врнежи од дожд во пониските предели, и снег во повисоките.
Во Скопје, времето денеска е сончево до умерено облачно. Минималната температура на воздухот е минус 10 Целзиусови степени, а максималната четири.
Според најавите на Хидрометеоролошкиот завод на Косово, снег во попладневните часови ќе ја прекрие и Приштина и останатите градови во Косово. Температурите во Косово до петок ќе се движат од минус 11 до четири Целзиусови степени, а максималната од 1 до 4 степени.
Првиот овогодишен снег го прекри и Белград, а според податоците на Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија (РХМЗ) слично е и во Крагуевац, Ваљево, Смедеревска Паланка и на Златибор.
Температурите во Србија се движат околу нулата. Најстудено е во Врање и Сјеница (-6), а најтополо е во Неготин, каде што температурата е 7 Целзиусови степени.
Од РХМЗ предупредуваат дека во пониските предели на западна и централна Србија во текот на утрото се учекува и леден дожд.
Според прогнозите, снегот во таа земја веројатно нема да трае подолго, бидејќи во среда се очекуваат максимални температури помеѓу два и седум степени, а и воглавно сончево време.
Снегот и ниските температури стасаа во поголемиот дел на Босна и Херцеговина. Улиците на повеќето градови во БиХ се прекриени со снежна прекривка. Така е и во главниот град Сараево. Во текот на денот, врнежите ќе ослабнат и до ноќта потполно ќе исчезнат. Се очекува висината на новиот снег во текот на 24 часа да биде околу 10, на планините и до 20 сантиметри.
Поради снегот што од утрово паѓа во Босна и Херцеговина, сообраќајот во одредени делови на земјата се одвива забавено, а поради ледениот дожд, коловозите се замрзнати и лизгави.
Поголемиот дел на Хрватска утрово се разбуди со снежна прекривка, со дебелина од сантиметар или два. Во Карловац се измерени 15 сантиметри, 18 во Делница и 20 во Слуњ.
Според прогнозите од Државниот хидрометеоролошки завод (ДХМЗ), утрово во Хрватска е облачно, наместа со снег, а на Јадранот метеоролозите во текот на денот најавуваат дожд и грмежи.
Највисока температура денес во Хрватска ќе биде од минус еден до четири на копно, како и од осум до 13 Целзиусови степени на Јадранот.