Kemal Karadağ
19 Јули 2018•Ажурирај: 19 Јули 2018
АНКАРА (АА) - Турските вооружени сили (ТСК) извршија воздушна операција врз терористички цели во Кандил, Ширнак и Сирт, при што се неутрализирани 9 терористи, припадници на сепаратистичката терористичка организација ПКК, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според официјалното соопштение, објавено на Твитер на профилот на Генералштабот на турската Армија, на 17, 18 и 19 јули извршени се воздушни операции врз терористички цели во подрачјето на планината Кандил, во северниот дел на Ирак, потоа во руралните подрачја на Улудере во Ширнак и во Ерух во Сирт, југоисточна Турција.
Во рамките на воздушните операции неутрализирани се 9 припадници на сепаратистичката терористичка организација.