Fırat Taşdemir
20 Октомври 2020•Ажурирај: 20 Октомври 2020
АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека во воздушни операции неутрализирани се 6 терористи на ПКК во подрачјето на Хафтанин и Зап во северен Ирак, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството преку соопштение истакна дека операциите против терористичката организација ПКК продолжуваат и понатаму.
„Во операцијата ‘Канџа-тигар‘ со воздушни операции неутрализирани се 3 терористи на ПКК во Хафтанин, северен Ирак, и 3 терористи на ПКК во регионот Зап. Нашите операции ќе продолжат сè додека не биде неутрализиран и последниот терорист“, се нагласува во соопштението.
Турската операција „Канџа-тигар“ започна во средината на јуни со цел да се осигури безбедноста на турскиот народ и границите со неутрализирање на заканата што доаѓа од ПКК и од другите терористички групи во регионот.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.