Muhammed Boztepe
20 Октомври 2020•Ажурирај: 21 Октомври 2020
АНКАРА
Ахмет Бал, т.н. одговорен на разузнавачите на ПКК во Метина, кој се наоѓа на листата од црвената категорија на барани терористи, неутрализиран е во операцијата спроведена од Турската национална разузнавачка служба (МИТ), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите добиени од безбедносни извори, турскиот МИТ преку локалната разузнавачка мрежа во регионот утврдил дека терористот Ахмет Бал, со кодно име „Дара Като“, ќе одржи таен состанок со некои членови на ПКК.
Ахмет Бал и 4 терористи на ПКК се неутрализирани во акцијата што неодамна ја организираа МИТ и Турските вооружени сили (ТСК).
МИТ дозна дека терористот Ахмет Бал во 2018-2019 година од Сирија пренесувал експлозиви и терористи во Турција и дека оваа година дошол во Метина со специјална задача да собира информации за воените операции на Турција во регионот.