Турција

Турската полиција приведе 28 припадници на ФЕТО

- Најмалку 28 лица се приведени во турскиот главен град Анкара поради наводи за нивна поврзаност со терористичката организација ФЕТО

Erdoğan Çağatay Zontur  | 20.10.2020 - Обновена : 21.10.2020
Турската полиција приведе 28 припадници на ФЕТО

АНКАРА

Најмалку 28 лица се приведени во турскиот главен град Анкара поради наводи за нивна поврзаност со терористичката организација ФЕТО, јавува Агенција Анадолија (АА).

Приведувањата се извршени откако како дел од истрагата за инфилтрирањето на терористичката организација во Турските вооружени сили, од Канцеларијата на јавниот обвинител во Анкара се издадени налози за приведување на 34 осомничени лица, вклучувајќи 21 војник на активна должност.

Осомничените се обвинети дека биле во контакт со „тајните имами“ - високи членови на ФЕТО - преку телефонски говорници.

Полицијата спроведе операција и приведе 21 осомничен член, додека потрагата по останатите осомничени е во тек.

Во друга операција во Анкара, полицијата приведе двајца од 11 поранешни судии и обвинители, кои биле отпуштени од Врховниот совет на судии и јавни обвинители поради нивната поврзаност со терористичката организација.

Осомничените се идентификувани по сведочењата на останатите осомничени, кои имале корист од законот за покајание.

Во меѓувреме, најмалку уште пет лица се приведени во Анкара поради наводи за нивна поврзаност со терористичката организација ФЕТО.

Лицата се приведени откако од Канцеларијата на јавниот обвинител во Анкара се издадени налози за приведување на девет осомничени лица, вклучувајќи седум поранешни полициски офицери.

Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), стојат зад неуспешниот обид за пуч на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 беа повредени.

ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрирање на нејзините припадници во турските институции, особено во војската, полицијата и во судството.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın