Турција

Ердоган: „Целта на иницијативите што ги предводи Макрон е пресметување со исламот и муслиманите“

Ердоган изјави дека антиисламската и антимуслиманската реторика се апарат со кој западните политичари ги прикриваат своите неуспеси, а главната цел на ваквите иницијативи, предводени од претседателот Макрон, е пресметување со исламот и муслиманите

Hatice Şenses Kurukız  | 20.10.2020 - Обновена : 21.10.2020
 Ердоган: „Целта на иницијативите што ги предводи Макрон е пресметување со исламот и муслиманите“

ИСТАНБУЛ

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека антиисламската и антимуслиманската реторика е апарат со кој западните политичари ги прикриваат своите неуспеси, и дека главната цел на ваквите иницијативи, што ги предводи францускиот претседател Емануел Макрон, е пресметување со исламот и муслиманите, јавува Агенција Анадолија (АА).

Ердоган преку видеопорака се обрати на состанокот на министри, претседатели, главни муфтии на земјите членки на Организацијата за исламска соработка (OIS) и земјите набљудувачи, организиран преку интернет од страна на Управата за верски работи на Република Турција.

Говорејќи за искушенијата со кои денес е соочен исламскиот свет, Ердоган истакна дека муслиманите се соочуваат со многу комплицирани проблеми, од тероризам до глад, од незнаење до неправда, до внатрешни судири.

„Верувам дека како муслимани треба повеќе да се слушаме едни со други и почесто да разменуваме идеи во ова болно време полно со искушенија низ кое поминуваме“, порача Ердоган.

Тој рече дека за жал, денес, се слушаат врисоци од античките исламски градови кои со векови го осветлуваат човештвото и кои се паметат по знаењето, мудроста и мирот.

„На светско ниво секојдневно во просек илјада наши браќа муслимани се жртви на тероризмот или насилствата. Расизмот, поделбите на племиња и мезхеби [исламски правни школи], потоа безредието од тероризмот попримија димензии на проблеми што го уништуваат исламскиот свет одвнатре. Невозможно е да се прифати ситуација во која и убиениот и убиецот изговараат Алаху екбар“, рече Ердоган.

Наведе дека тажната слика за муслиманите ги охрабрува империјалистите и непријателите на исламот.

„Вознемирени од подемот на исламот, ги користат кризите што самите ги создадоа за напади на нашата вера. Антиисламската и антимуслиманската реторика е апарат со кој западните политичари ги прикриваат своите неуспеси. Термините како „француски ислам“, „европски ислам“, „австриски ислам“, што се појавија во последно време, се најдобар показател за тоа. „Главната цел на ваквите иницијативи, предводени од францускиот претседател Макрон, е пресметка со исламот и муслиманите“, наведе Ердоган.

Под маската „борба против екстремизмот“, наместо борба против тероризмот, се цели кон пасивен, невешт, кукавички и непретенциозен профил на муслимански граѓанин, кој не реагира на суровост и не крева глас против насилникот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın