Sena Güler
04 Октомври 2018•Ажурирај: 04 Октомври 2018
АНКАРА (АА) - Турската Армија денес соопшти дека во воздушните напади изведени врз позициите на терористичката организација ПКК во северен Ирак неутрализирани се десет терористи, пренесува Anadolu Agency (AA).
Турскиот Генералштаб соопшти дека воздушните напади биле спроведени во ирачките региони Авашин-Басјан и Зап.
Во својата над 30-годишна кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на речиси 40.000 лица, вклучувајќи жени и деца.