Gözde Bayar
25 Јули 2020•Ажурирај: 26 Јули 2020
АНКАРА (АА) - Турската војска пронајде голем магацин со оружје и муниција за време на антитерористичката операција во северен Ирак, соопшти денес турското Министерство за одбрана, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Нашите командоси херои запленија големи количини оружје и муниција во складиште на терористичката организација ПКК“, се вели во соопштението на Министерството за операцијата „Канџа-тигар“, една од турските антитерористички операции кои се спроведуваат во регионот.
ПКК го користи северен Ирак за планирање напади во Турција.
Меѓу запленетото оружје има 63 пушки АК-47, снајперска пушка, две сачмарки, 50 парчиња муниција за ракетен фрлач, 1.000 парчиња противавионска муниција, 300 рамки за АК-47, 50 гранати и 25 килограми динамит.
Од Министерството се наведува дека операцијата „Канџа-тигар“ продолжува.
Турските операции „Канџа-тигар“ и „Канџа-орел“ започнаа во средината на јуни со цел да се осигура безбедноста на турскиот народ и границите со неутрализирање на заканата која доаѓа од ПКК и другите терористички групи во регионот.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.