свет

Повредената млада морска желка Арда добива интензивна нега за побрзо закрепнување

Желката карета карета се чува во климатизирана просторија, а температурата на водата постојано се контролира, при што се вложуваат интензивни напори за нејзино закрепнување

Ali Rıza Akkır  | 06.02.2026 - Обновена : 06.02.2026
Повредената млада морска желка Арда добива интензивна нега за побрзо закрепнување Фото: Ali Rıza Akkır/AA

МУГЛА (АА) – Вработените во Центарот за истражување, спасување и рехабилитација на морски желки (ДЕКАМЕР) вложуваат големи напори во закрепнувањето на Арда, желка младенче од видот карета карета, која е пронајдена на брегот во округот Чешме, во Измир, Турција, пишува Анадолу.

Во ДЕКАМЕР, кој се наоѓа на плажата Изтузу во местото Ортаџа, во турската област Мугла, покрај активностите за заштита, од 2008 година се спроведува и лекување на повредени морски желки.

Најновиот гостин во центарот е морската желка Арда, која е пронајдена повредена во округот Чешме, а се проценува дека е стара две-три години.

Кај морската желка, која е најмладата желка што досега е лекувана во ДЕКАМЕР се детектирани инфекции на вратот и околу очите.

Желката карета карета се чува во климатизирана просторија, а температурата на водата постојано се контролира, при што се вложуваат интензивни напори за нејзино закрепнување.

Поради состојбата, малата желка ја хранат вработените во центарот со помош на пинцета.

Желката Арда, за чие оздравување се вложуваат интензивни напори, по закрепнувањето ќе биде пуштена во нејзиното природно живеалиште.

Емре Одабаш, доктор по ветеринарна медицина во центарот, за АА изјави дека со поддршка од Генералниот директорат за заштита на природата и националните паркови, желката била земена од местото каде што била најдена и донесена во центарот, каде што веднаш ѝ е дадена медицинска помош.

Биологот Фатих Полат, дел од проектот ДЕКАМЕР, истакна дека поради тоа што желките се животни со бавен метаболизам, нивниот процес на закрепнување трае подолго.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.