Gözde Bayar,Erdoğan Çağatay Zontur
25 Јули 2020•Ажурирај: 26 Јули 2020
АНКАРА (АА) - Турција досега има спроведено над 4,53 милиони тестирања за дијагностицирање на вирусот Ковид-19, соопшти денес турскиот министер за здравство Фахретин Коџа, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од почетокот на епидемијата на вирусот во Турција се направени 4.532.672 милиони тестирања. Во изминатите 24 часа резлизирани се 43.312 тестирања.
Министерот Коџа истакна дека во изминатото деноноќие регистрирани се 1.103 излекувани од Ковид-19.
„Во земјата дијагностицирани се нови 921 случај на Ковид-19 во текот на изминатите 24 часа, со што вкупниот биланс на заразени достигна 225.173“, напиша Коџа на Твитер.
Цитирајќи ги податоците на Министерството за здравство, Коџа нагласи дека вкупниот број на излекувани се искачил на 208.477.
Во изминатото деноноќие како последица на вирусот починале 16 лица, со што вкупиот број на починати од вирусот достигна 5.596.
Податоците од Министерството, исто така, покажуваат дека на одделите за интензивна нега во Турција се лекуваат вкупно 1.252 лица.
Откако за првпат се појави во кинескиот град Вухан минатиот декември, вирусот Ковид-19 досега зарази над 15,8 милиони луѓе низ целиот свет, од кои 9,13 милиони се излекуваа, покажуваат податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“.
Билансот на починати во моментов изнесува околу 641.000.