Cankut Taşdan
09 Ноември 2020•Ажурирај: 09 Ноември 2020
АНКАРА (АА) - Министерството за одбрана на Турција соопшти дека се неутрализирани двајца терористи на ПКК/ЈПГ во подрачјето на турската операција „Штитот на Еуфрат“ во северна Сирија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството на својот профил на Твитер напиша: „Со успешната операција на нашите херојски командоси неутрализирани се терористи на ПКК/ЈПГ кои се обидоа да се инфилтрираат во регионот на ‘Штитот на Еуфрат‘ отворајќи вознемирувачки оган.“
Од 2016 година Турција спроведе четири успешни прекугранични антитерористички операции во северна Сирија за да спречи формирање терористички коридор: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018), „Извор на мирот“ (2019) и „Пролетен штит“ (2020).
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои се наоѓаат и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.