Veysel Altun
09 Ноември 2020•Ажурирај: 11 Ноември 2020
САМСУН
Водопадите Кабаџевиз сместени во местото Чаршамба, во турската област Самсун, обогатени со боите на есента, пленат со својата убавина, пишува Агенција Анадолија (АА).
Водопадите Кабаџевиз оддадлечени 30 километри од Чаршамба се состојат од три одделни делови. Напролет водопадите се обоени во зелено, а наесен во нијансите на портокалово и црвено, овозможувајќи им на посетителите да уживаат во глетките како на слики од разгледници.
Водопадите во секој дел се со различна големина, а потребно е добро да се пропешачи за да се стигне до вториот дел од водопадите Кабаџевиз.

Љубителите на природата покажуваат голем интерес за водопадите Кабаџевиз, кои на посетителите им нудат голем број можности, како што се прошетка низ природа, алпинизам, и фотосафари.
Водопадите Кабаџевиз, кои се меѓу најголемите водопади во Турција, со своите околни шуми и вегетација се обоени во боите на есента.
Аднан Ипекдал, областен директор за култура и туризам, за АА изјави дека водопадите Кабаџевиз на љубителите на природата и фотографијата во пролетните и есенските месеци им нудат уникатно искуство.

„Регионот на Кабаџевиз е едно од најсимпатичните места во подрачјето на местото Чаршамба. Овој регион е значајно место за посетителите кои се љубители на прошетките во природа, фотографија, велосипедизам и кампување“, рече Ипекдал.
Посочувајќи дека не е потребно природните убавини да се бараат далеку од градот, Ипекдал истакна дека во една рута може да се досегне до убавините на Текеќој, Ирмаксирти, Сарачли, Шехѓувен, како и до убавините на Абдал Дереси и езерото Чакмак Бараж на трасата Агџаѓунеј.