Ali Murat Alhas
09 Ноември 2020•Ажурирај: 10 Ноември 2020
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес повика на промена на пристапот во времиња кога моменталниот глобален систем не реагира на кризите кои се случуваат низ светот, посебно на пандемијата на Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган забелешките ги изнесе на 12. Амбасадорска конференција одржана во главниот град Анкара.
Нагласувајќи дека постојниот глобален систем фаворизира шака силни актери над праведните маси, и богатите над сиромашните луѓе, турскиот претседател изјави дека тој систем повеќе не може да продолжи и дека се потребни системски промени.
Ердоган, кој на собирот на Обединетите нации (ОН) го изнесе слоганот „светот е поголем од пет“, изјави дека со новиот естаблишмент кој се темели на правдата, а не моќта, мора да се регулира обезбедување сигурност и стабилност на заедничката иднина на луѓето.
„Тенденцијата на мултицентричност и регионализација станува сè поважна во меѓународните односи“, истакна Ердоган, додавајќи дека глобалната политичка и економска арена е преобликувана во моментот на пандемијата и дека повторно се воспоставени производни и логистички центри.
Ердоган, исто така, изјави дека турските администрации не успеале максимално да ја искористат претходната низа прилики како по Втората светска војна, така и по Студената војна, меѓутоа, Анкара сега е одлучна да ги искористи своите геостратешки и историски предности во екот на престојната пандемија, која однесе над 1,25 милиони животи низ светот.
Дејствувајќи во согласност со кон човекот ориентираната надворешна политика, Владата на Турција, според зборовите на претседателот, не замижува пред плачот на луѓето за помош низ светот кога ескалираше пандемијата.
Повеќе од 100.000 турски граѓани се вратени дома од вкупно 141 земја во согласност со државната акција за евакуација. Со помош на Турција беа евакуирани уште 5.500 странци од 67 земји.
„Исто така, Турција им пружи рака на помош на 155 земји и девет меѓународни организации кои се обидуваат да се справат со товарот на пандемијата“, изјави Ердоган.