Ahmet Gençtürk
09 Ноември 2020•Ажурирај: 10 Ноември 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Турските полициски тимови за борба против тероризмот извршија операции утринава во Истанбул, јавува Агенција Анадолија (АА).
Операциите се спроведени со цел да бидат приведени осомничените терористи на ДЕАШ, кои се осомничени за поврзаност со оперативците на оваа терористичка организација во Сирија.
„Извршени се рации на 17 адреси во 11 подрачја на Истанбул, а приведени се 17 осомничени терористи“, се вели во соопштението на полицијата.
Во 2013 година Турција беше меѓу првите земји што ја ставија ДЕАШ на листата на терористички организации.
Земјата досега повеќепати беше цел на нападите на ДЕАШ и тоа на најмалку 10 самоубиствени напади, 7 бомбашки напади и 4 вооружени напади, во кои загинаа најмалку 315 луѓе, а стотици беа повредени.
Турските безбедносни сили спроведуваат одлучна борба против терористичката организација во земјата, како и надвор од неа.