Can Erözden
12 Јуни 2018•Ажурирај: 12 Јуни 2018
АНКАРА (АА) - Турските воени авиони неутрализираа 34 терористи на ПКК во северен Ирак по лансирањето на тамошната операција, соопшти турската Армија денес, јавува Anadolu Agency (AA).
Во официјалната објава од турскиот Генералштаб на Твитер, се вели дека во период од 1 до 8 јуни биле неутрализирани 18 терористи.
Одвоено во текот на ноќта турските авиони уништиле и 12 цели во северен Ирак, вклучувајќи и цели на планината Ќандил.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера изјави дека Турција лансирала антитерористички операции во регионите Синџар и Ќандил во северниот дел на Ирак.
Откако терористичката организација ПКК ја продолжи својата вооружена кампања во јули 2015 година, воздушните напади врз организацијата во северен Ирак се извршуваат редовно.
ПКК е сепаратистичка организација која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Европската Унија и САД. За време на тридецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 лица.