Fırat Taşdemir
21 Декември 2020•Ажурирај: 22 Декември 2020
АНКАРА (АА) – Турските безбедносни сили неутрализираа 4 терористи на ПКК/ЈПГ при обид да се инфилтрираат во подрачјето на турската операција „Извор на мирот“ во северна Сирија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од Министерството за национална одбрана на Турција се истакнува: „Не дозволивме и нема да дозволиме терористичката организација ПКК/ЈПГ да ја наруши атмосферата на мирот и безбедноста во регионот на ‘Извор на мирот‘. Нашите херојски командоси, кои презедоа секакви мерки во регионот, спречија уште еден обид за инфилтрација и неутрализираа 4 терористи на ПКК/ЈПГ.“
Од 2016 година Турција спроведе четири успешни прекугранични антитерористички операции во северна Сирија за да спречи формирање терористички коридор: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018), „Извор на мирот“ (2019) и „Пролетен штит“ (2020).
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.