Турција

Турскиот министер Чавушоглу во посета на Унгарија

Чавушоглу истакна дека Турција и Унгарија имаат прекрасни односи, изразувајќи задоволство од заинтересираноста на Унгарија за Туркискиот совет, и од отворањето на претставништвото во Будимпешта

Mehmet Yılmaz  | 19.09.2019 - Обновена : 19.09.2019
Турскиот министер Чавушоглу во посета на Унгарија

БУДИМПЕШТА (АА) - Шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, во рамки на неговата посета на Унгарија, во Будимпешта оствари средба со министерот за надворешни работи и надворешна трговија на оваа земја, Петер Сијарто, јавува Anadolu Agency (AA).

Чавушоглу во Унгарија се наоѓа со цел да учествува на отворањето на Канцеларијата за промоција на Советот за соработка на земјите кои зборуваат туркиски јазици во Будимпешта, во чии рамки се состана со Сијарто.

Според информациите добиени од дипломатски извори, средбата траела околу 45 минути, а двајцата министри разговарале за билатералните односи меѓу двете земји.

Чавушоглу на средбата истакна дека Турција и Унгарија имаат прекрасни односи, изразувајќи задоволство од заинтересираноста на Унгарија за Туркискиот совет, и од отворањето на претставништвото во Будимпешта.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın