Турција

Гасениците што ја нападнаа шумата, не оставија лист на дрвјата

- На видеоснимките направени од подрачјето, вниманието го привлекува фактот дека од едната страна од патот шумата е зелена, додека од другата страна, поради дрвјата и растенијата без лисја, таа страна е обоено во кафено

Serdar Yiğit  | 19.09.2019 - Обновена : 22.09.2019
Гасениците што ја нападнаа шумата, не оставија лист на дрвјата

ЌУТАХЈА

Гасениците кои се распространиле на голема површина во шумскиот предел што се протега меѓу местото Доманич, во областа Ќутахја, до местото Инеѓол, во областа Бурса, им нанесуваат голема штета на лисјата од дрвјата и растенијата што растат на тие простори, јавува Anadolu Agency (AA).

Гасеницата со црвена опашка (Calliteara pudibunda) за првпат минатата година е забележана на подрачјето Арапотураги во Инеѓол, а веќе оваа година изврши инвазија врз шумата Доманич.

Штетата што гасениците им ја нанесуваат на лисјата на буковите дрвја и на растенијата, особено може да се забележи на просторот Икисулар, што се наоѓа во шумскиот предел на патниот правец Инеѓол - Доманич.

Штетата предизвикана од гасениците јасно се гледа на снимките направени во подрачјето со дрон. На снимките, вниманието го привлекува фактот дека од едната страна од патот шумата е зелена, додека од другата страна, поради дрвјата и растенијата без лисја, таа страна е обоено во кафено.

Хусеин Орду, кој е сопственик на објект за одмор покрај патот, за АА изјави дека гасениците последните денови ја прекриле речиси целата шума.

„Левата страна од објектот е во потполно зеленило, додека неговата десна страна потсетува на есен. Областа во која се наоѓаме дојде во оваа состојба за само три дена. Според моите слободни проценки, површина од над 20 хектари земја дојде во ваква состојба за една недела. На едно дрво има милиони гасеници.“


- Биолошка борба

Регионалната дирекција за шумарство на Бурса започна биолошка борба против гасениците што се наоѓаат во проблематичниот дел од шумата.

За борбата против гасениците, кои меѓу видовите дрвја им нанесуваат штета само на буковите дрвја, беа консултирани професорите од Катедрата за ентомологија при Шумарскиот факултет.

Како резултат на тие консултации се дошло до констатација дека најсоодветно за борбата против гасениците штетници е на тие простори да се пушти бактеријата „Bacillus thuringiensis var. kurstaki“, која не ѝ наштетува на околината.

Екипите на Регионалната дирекција, прскајќи ги со биолошката бактерија поединечно дрвјата на кои се забележани гасениците, се обидуваат да го стават под контрола распространувањето на штетникот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın