Турција

Поранешен судија на Врховниот суд на Турција осуден поради членство во ФЕТО

Врховниот суд на Турција изрече затворска казна на Ахмет Токер, кој ги потврди првостепените пресуди во судските процеси „Балјоз“, „Воена шпионажа“ и „Револуционерна база“, што ги монтираа инфилтрираните припадници на ФЕТО

Aylin Sırıklı  | 19.09.2019 - Обновена : 20.09.2019
Поранешен судија на Врховниот суд на Турција осуден поради членство во ФЕТО

АНКАРА (АА) - Поранешниот судија на Врховниот суд на Република Турција (Yargitay), Ахмет Токер, е осуден на 14 години и 3 месеци затвор поради членство во терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).

Врховниот суд на Турција денеска изрече затворска казна на Токер, кој како некогашен член на Врховниот суд ги потврди првостепените пресуди во судските процеси „Балјоз“, „Воена шпионажа“ и „Револуционерна база“, што ги монтираа инфилтрираните припадници на терористичката организација ФЕТО, со цел завера и рушење на јавниот поредок во земјата.

Токер, изрекувањето го следеше од ќелијата, а со видеопорака се обрати на судиите и ги отфрли сите обвиненија кои Обвинителството му ги става на товар.

Судот Токер го прогласи за виновен и му изрече единствена затворска казна во траење од 14 години и 3 месеци.

Судот остави можност за подигнување на жалбена постапка, а на осудениот Токер му е одредено останување во притвор.

ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), стојат зад неуспешниот обид за државен удар на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 беа повредени.

Припадниците на оваа терористичка организација, со години, преку местење испити напредуваа во службата, инфилтрирајќи се на тој начин во институциите на државата. Претходно, првин во декември 2013 година, во правосудството на Турција, преку наместен процес поради наводна корупција се обидоа да процесуираат бројни високи функционери.

Неколку години подоцна следуваше и крвавиот обид на терористите на ФЕТО, кога на 15 јули офицери во турската војска, припадници на терористичката организација, започнаа пуч.

Истрагата во врска со терористичката организација ФЕТО покажа дека се работи за глобална мрежа, која не претставува опасност само за Турција, туку и за секоја земја во која е активна, а на тоа во повеќе наврати укажаа и турските функционери. 


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın