Ali Murat Alhas
01 Февруари 2021•Ажурирај: 02 Февруари 2021
АНКАРА (АА) - Атентатор поврзан со терористичката организација ДЕАШ е уапсен во северозападна Турција, соопшти денес турскиот министер за внатрешни работи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Сулејман Сојлу го соопшти апсењето на терористот преку објава на Твитер, нагласувајќи дека антитерористичката операција била успешно спроведена во турската област Јалова.
Сојлу им честиташе на разузнавачките единици, на обласниот полициски оддел и на обвинителството вклучени во апсењето.