Abidin Mutlu Bozdağ
01 Февруари 2021•Ажурирај: 02 Февруари 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - „Туркиш ерлајнс“ започна кампања за продажба на повратни билети чија цена е од 99 долари, а се однесуваат на подрачјето на Балканот, Кавказот и Украина, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на компанијата се наведува дека цените на билетите од Истанбул до Харков, Лавов, Запорожје се движат од 99 долари, за Букурешт, Клуж и Загреб 109 долари, за Софија, Љубљана, Сараево, Скопје, Приштина и Керсон 119, Белград 129, Подгорица 139, Киев 159 и Одеса 169 долари.
На државјаните на Република Турција не им требаат визи кога патуваат за Скопје,Белград, Подгорица, Приштина и Сараево, додека за Украина и Молдавија не им е потребен ниту пасош, туку можат да влезат само со лична карта.
Од авиокомпанијата соопштија дека тие што сакаат да ги искористат поволностите можат да купуваат билети од 1 до 14 февруари 2021 година, а да патуваат од 11 февруари до 13 јуни 2021 година.
Дополнителни информации може да се добијат на веб-страницата www.turkishairlines.com.