Bahri Aşık
06 Март 2016•Ажурирај: 07 Март 2016
АЈДИН (АА) - Екипата на крајбрежната стража покрена акција за спасување на мигранти кои го преживеаа бродоломот во морето во западниот дел на Турција, при што загинаа 18 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Крајбрежна стража успеала да спаси 15 луѓе, а три чамци и еден хеликоптер сè уште се во потрага по можни преживеани од бродоломот.
Мигрантите, како и многумина пред нив, се обиделе со брод да стигнат на грчка територија, од каде што треба да го продолжат својот пат кон Западна Европа.
Во последната несреќа со смртни последици во Егејското Море, што се случи на 8-ми февруари кај заливот Eрдемит, се удавија 27 мигранти, а четворица беа спасени.