Seda Sevencan
07 Декември 2025•Ажурирај: 08 Декември 2025
ДОХА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, денес се сретна со претседателот на Сомалија, Хасан Шеик Мухамуд, на маргините на Доха Форумот, соопшти Министерството за надворешни работи на Турција, јавува Анадолу.
Не се споделени дополнителни информации за состанокот.
23-то издание на Доха Форумот започна во главниот град на Катар вчера под темата „Правдата на дело: Повеќе од само ветување за напредок“
Дводневниот настан ги собра официјалните претставници и глобалните лидери, меѓу кои и Фидан, сирискиот претседател Ахмед Ал-Шара, поранешната државна секретарка на САД, Хилари Клинтон, и коосновачот на Мајкрософт, Бил Гејтс.
Анадолу е глобален комуникациски партнер на настанот.